Во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија, започна третиот по ред „OUTLET Weekend“ во Прилеп кој се одржува од 14-ти до 17-ти февруари и го носи името Valentine Outlet Weekend, поради празникот Свети Валентајн.
Прилепските дуќанџии и угостители на своите излози ќе имаат постер со заштитното лого од настанот, за купувачите да знаат каде можат да пазарат во овие четири дена со попуст. Настанот во своите две претходни изданија предизвика навистина голем интерес, особено кај купувачите од регионот: Битола, Крушево, Долнени Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци, но и пошироко од Македонија, бидејќи Прилеп покажа дека знае да понуди шопинг забава.
Деталите на ОВАА ФЕЈСБУК страница