Република делчево

Осветен Крстот на тврдината Градиште во делчевското село Град

Се почна со една објава на фејсбук каде ја споделивме нашата идеја. Тоа наиде на одобрување потоа собравме доста средства. Потоа го изградивме крстот и ќе продолжиме и понатаму да го адаптираме просторот кој води до него, истакна Илија Кацарски иселеник од с.Град.

Осветен Крстот на тврдината Градиште во делчевското село Град

Делчевско-каменичкиот епископ г. Марко, денеска, го освети светиот Крст на тврдината Градиште во делчевското село Град.

Епископот упати порака до жителите да го чуваат и да не го запоставуваат како што е случај со повеќе црковни објекти ширум земјава.

– Благодарност до свештеникот Васко кој ме покани во овој крај за кој тој е задолжен да го осветам овој да го наречам црковен објект кој треба да го почитуваат мештаните и да се грижат за него. Од овде порачувам да се негуваат и црковните храмови и верноците што повеќе да ги има и на литургиите во нашоте цркви и со тоа како што му даваме почит на Бога со крстот, да го почитуваме и со своето присуство на литургиите, истакна г.Марко.

Крстот се градеше по иницијатива на група наши иселеници во Швајцарија.

– Се почна со една објава на фејсбук каде ја споделивме нашата идеја. Тоа наиде на одобрување потоа собравме доста средства. Потоа го изградивме крстот и ќе продолжиме и понатаму да го адаптираме просторот кој води до него, истакна Илија Кацарски иселеник од с.Град.

По осветувањето на Крстот, организаторите подготвија и црковен ручек кој им беше поделен на присутните верници.

To top