Република поддршка на најранливите категории граѓани

Општина Штип обезбеди финаниска помош за сто пензионери со најниски примања

Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, вели Јорданов.

Општина Штип обезбеди финаниска помош за сто пензионери со најниски примања

Сто штипски пензионери со најниски примања ќе добијат финансиска поддршка од страна на Општина Штип, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

-Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања. Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, вели Јорданов.

Во пишаната објава се вели дека главната цел на оваа иницијатива е подобрување на финансиската состојба на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност кон поддршка на најранливите категории граѓани.

To top