Република хуманитарна помош

Општина Гевгелија со помош од 1.500.000 денари за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани

Општина Гевгелија со помош од 1.500.000 денари за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани

Советот на Општина Гевгелија денеска на вонредна седница едногласно ја изгласа предлогот одлуката со која општината издвојува 1.500.000 денари како хуманитарна помош наменета за семејствата на загинатите и повредените во трагичниот настан во Кочани.

„Тажен е поводот за денешната седница. Не постојат зборови со кои може да се изрази сочувство за згаснатите млади животи,, не спостојат зборови на утеха на нивните најблиски. Вечен покој и спомен на настраданите, а Бог да им даде сила на семејствата да го пребродат овој тежок момент“, рече претседателот на Советот Ѓорѓе Попов пред советниците.

На почетокот на седницата советниците во Советот на општина Гевгелија, со едноминутно молчење им оддадоа почит на трагично загинатите во катастрофалниот пожар во Кочани.

Најнови вести од Република

To top