Република

Општина Гевгелија ќе субвенционира купување на велосипеди и електрични тротинети

Сто субвенции ќе одобри Општина Гевгелија за своите жители, за набавка на велосипеди и електрични тротинети. Ваква предлог одлука едногласно изгласаа советниците на последната седница на општинскиот Совет.

Општина Гевгелија ќе субвенционира купување на велосипеди и електрични тротинети

Сто субвенции ќе одобри Општина Гевгелија за своите жители, за набавка на велосипеди и електрични тротинети. Ваква предлог одлука едногласно изгласаа советниците на последната седница на општинскиот Совет.

Според образложението дадено од општинската администрација, оваа година одлуката која се усвојува четири години по ред, се надополнува со набавка на електрични тротинети. За таа намена, од буџетот на Општината ќе се предвидат 500.000 денари, односно по 5.000 денари за секој апликант, од кои 4.500 во нето износ, а останатите 500 за персонален данок.

Од општината велат дека ќе се примени принципот прв дојден – прв услужен, а за апликациите ќе одлучува тричлена комисија формирана од градоначалникот на Гевгелија.

– Најважно е апликантите да можат да го набават велосипедот или тротинетот почнувајќи од први април 2026 година се до моментот на исцрпување на овие 100 субвенции. Во јавниот повик кој ќе се распише ќе бидат запазени трите главни услови односно – секој апликант да биде полнолетен жител на општината, да му биде платен данок на имот за станбениот објект во кој живее заклучно со данокот на 31.12.2025 година и во домаќинството да нема член кој што претходно добил ваква субвенција. Вработените во општинска администрација и членови на Советот ќе бидат изземени од овој јавен повик заради транспарентност и поголема достапност, информираа од општината на последната седница.

Во барањето за субвенција граѓаните ќе треба да достават копија од лична карта и од трансакциска сметка, изјава за користењето на нивните лични податоци, потврда за платен данок и доказ дека велосипедот или тротинетот го набавиле од продавница која ја врши својата дејност на подрачјето на општина Гевгелија со приложување фискална сметка или фактура.

Најнови вести од Република

To top