Република Општина Битола

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба

8 јануари и на 9 јануари, бесплатно може да се користи автобуската линија број 1 за ски центар Ниже Поле, а тргнувањето е во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, и автобуската линија број 2 за превоз до хотелот „Молика“, а поаѓа во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба, кој ќе се реализира утре и во петок.

Од Општина Битола информираа дека локалната самоуправа и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Нижо Поле и „Молика“.

Утре, 8 јануари и на 9 јануари, бесплатно може да се користи автобуската линија број 1 за ски центар Ниже Поле, а тргнувањето е во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, и автобуската линија број 2 за превоз до хотелот „Молика“, а поаѓа во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.

Враќањето на двете линии од ски центрите е во 13:00 часот, соопштија од Општина Битола.

Најнови вести од Република

To top