Република за настраданите во пожарот во Кочани

Општата болница Кочани доби донација 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација

Со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан, соопштија од Фондацијата „Заедно за едно“.

Општата болница Кочани доби донација 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација

Во ЈЗУ Општа болница Кочани беа набавени и испорачани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација, во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани од страна на Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација.

Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети, како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби.

Со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан, соопштија од Фондацијата „Заедно за едно“.

Остануваме посветени на обезбедување соодветни услови за лекување и рехабилитација и на континуирана поддршка на здравствените установи во справувањето со последиците од овој немил настан, нотираат во соопштението.

Најнови вести од Република

To top