Република

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: На лагата и се кратки нозете!

Почитувани сограѓани, манипулациите и лагите на претставниците на власта предводена од СДСМ се последен крик за кој што мораат да се фатат затоа што друго немаат што да понудат, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: На лагата и се кратки нозете!

ВМРО-ДПМНЕ и Локалната самоуправа на општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, градинката во населбата Точила ја наследи во ноември 2021 година, единствено само како делумно започнат проект со ЦЕЛОСНА обврска за исплаќање на вкупната сума, односно 133.000.000 денари. За ситуацијата во која што се наоѓаше односно за градилиштето, можат да посведочат овие фотографии од надзорот на проектот направени во месец ноември 2021 година, во спротивност на вашето ветување дека ќе биде изградена и готова за 7 месеци.

Претходната локална самоуправа на СДСМ немаше исплатено ниту еден денар. За изминативе две години комплетно беше изградена градинката, проектот беше дополнет, затоа што за волја на вистината имаше огромен број на недостатоци и во меѓувреме во изминатите две години на практицирање на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа исплатени 92 милиони денари а во следниве месеци ќе биде и комплетно исплатена!

Новата градинка во населбата Точила е еден навистина капитален проект за нашиот град. Тоа е градинка која што ќе згрижи околу 250 дечиња од предшколска возраст од општина Прилеп и нешто кое што е особено важно за нашите сограѓани. Проект кој што во предизборната кампања го ветивме дека ќе го реализираме и одговорно стоиме зад тоа.

Пред овие факти, почитувани сограѓани и почитувани колеги од власта на СДСМ, во најмала рака е навистина срамно да промовирате туѓа реализација на проекти.

Со јасна визија и план за дополнителен развој на Прилеп продолжуваме и во наредните 2 години а особено со формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ што ќе значи реализација на нови капитални проекти за општина Прилеп, велат од таму.

Најнови вести од Република

To top