Република Велес

Одбележани 80 години од смртта на народниот херој Димче Мирчев

Неговите посмртни останки се во велешката Спомен-костурница од НОВ. Димче Мирчев бил прогласен за народен херој на 2 август 1949 година.

Одбележани 80 години од смртта на народниот херој Димче Мирчев

Општина Велес ја одбележа 80-годишнината од смртта на народниот херој Димче Мирчев од Велес, кој на 7 април 1944 година загинал во Тиквешијата.

Делегации од претставници на локалната самоуправа и градинката што го носи неговото име, како и од други јавни институции од Велес, во петокот положија свежо цвеќе пред спомен-бистата на херојот, поставена во Младинскиот парк, како и пред спомен-бистата во дворот на градинката „Димче Мирчев“.

-Димче Мирчев е роден во Велес во 1913 година. На 27-годишна возраст активно се вклучил во подготовките на оруженото востание. Тој бил еден од организаторите на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и заменик командант на одредот.

На денешен ден пред 80 години Мирчев загинал во судир со бугарската полиција во реонот на Тиквешијата, заедно со Киро Крстев-Налбатот, во обидот да заминат во партизани.

Неговите посмртни останки се во велешката Спомен-костурница од НОВ. Димче Мирчев бил прогласен за народен херој на 2 август 1949 година.

Најнови вести од Република

To top