Пред Спомен домот на Браќа Миладиновци во Струга денеска беа одбележани 164 години од смртта на Димитар и Константин Миладинови.
– Браќата Миладинвци со своето дело трајно го обележаа македонскиот културен и духовен идентитет. Нивното наследство и денес останува силен симбол на љубовта кон јазикот, културата и слободата, соопшти центарот за култура „Браќа Миладиновци“.
Во рамките на одбележувањето на споменикот на истакнатите македонски просветители и преродбеници цвеќе положија делегации на Музејот „Доктор Никола Незлобински“, Центарот за култура и истоименото основно училиште.