Република Исчекор – Општество за сите

Нов центар за размена на младински идеи и обуки отворен во Валандово

Оттаму најавуваат дека во новиот простор ќе се организираат повеќе обуки на актуелни теми за млади, ќе се обезбеди менторство од искусни претприемачи, и тука младите ќе можат да работат на своите идеи во креативна и мотивирачка средина.

Нов центар за размена на младински идеи и обуки отворен во Валандово

Заеднички простор во кој младите валандовци ќе се среќаваат за соработка и размена на идеи, како и за обуки и предавања, се отвори во објектот на кино салата во Валандово, од страна на здружението на граѓани „Исчекор – Општество за сите“.

Овој центар за млади кој ќе го користи просторот на првиот кат на кино салата ќе работи под називот, „Младински претприемачки хаб“, а според невладината организација од Валандово е наменет за млади креативци, идни претприемачи и визионери кои сакаат своите идеи да ги претворат во реални проекти и успешни бизнис приказни.

Оттаму најавуваат дека во новиот простор ќе се организираат повеќе обуки на актуелни теми за млади, ќе се обезбеди менторство од искусни претприемачи, и тука младите ќе можат да работат на своите идеи во креативна и мотивирачка средина.

Од невладината организација велат дека се отворени за секакви соработки, без оглед дали е тоа работилница за цртање, краток курс за плетење или т.н. хаб за споделување рецепти за слатки, а на учесниците им нудат можност да создадат нови контакти, партнерства и соработки со младите од општината, регионот и надвор од државата.

Отворањето на Младински хаб во Валандово е дел од проектот “Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации”, со подршка од ИПА програмата. (МИА)

To top