Република мурал кој пренесува порака

Нов мурал го краси влезот на Берово

Ова, е уште еден проект, за поубаво и поурбано Берово, што е наш приоритет, а што ќе дава еден поразличен и повпечатлив сјај, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Нов мурал го краси влезот на Берово

На влезот во Берово, кај градскиот стадион нов мурал пренесува порака, за убаво и урбано Берово. Муралот е изработен од локалниот уметник Мартин Качулачки, а приказната е инспирација на спортски мотиви.

– Ова претставува нова урбана туристичка приказна, со впечатливи елементи, кои остануваат траен белег за Берово и за фудбалскиот клуб Малеш. Ова, е уште еден проект, за поубаво и поурбано Берово, што е наш приоритет, а што ќе дава еден поразличен и повпечатлив сјај, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

За реализација на активноста Качулачки доби поддршка од Министерството за култура.

– Вредноста на авторското дело изнесува 167.550,00 денари, од кои 59.000,00 денари се обезбедени од Министерството за култура и туризам, а останатите од Буџетот на Општина Берово за 2024 година, додаде Пекевски.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Активноста се реализира по претходна апликација преку Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајн.

Најнови вести од Република

To top