Република Бигорски манастир

Мошти од Свети Василиј пристигнаа во манастирот во Рајчица, дар од Православната црква на Романија

Овој чин е плод на искрената духовна љубов и почит на јеромонахот Стефан Симион од православната Црква на Романија, игумен на манастирот на светиот пророк Илија во Италија, регионот Лацио, стои во објавата.

Мошти од Свети Василиј пристигнаа во манастирот во Рајчица, дар од Православната црква на Романија

Дел од моштите на Свети Василиј Велики, еден од најголемите личности во историјата на Црквата Христова, доби манастирот „Свети Ѓорѓиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица.

Тие, како што објави Бигорскиот манастир, чиј метох е манастирот во Рајчица, се дар од јеромонахот Стефан Симион од Православната црква на Романија, игумен на манастирот на светиот пророк Илија во Италија, во регионот Лацио.

„Овој чин е плод на искрената духовна љубов и почит на јеромонахот Стефан Симион од православната Црква на Романија, игумен на манастирот на светиот пророк Илија во Италија, регионот Лацио, стои во објавата.

Се додава дека самата историја на оваа светиња го потврдува нејзиното големо значење. Имено, своевремено, светите мошти му биле подарени на отец Стефан од ризницата на реликвии на католичката црква, што низ историјата биле донесени од Истокот. За нејзината автентичност сведочат оригиналните ватикански печати, втиснати под самите мошти, како и на задната страна од реликвијарот во кој тие почиваат.

Со ова, дел од моштите на овој голем светител трајно ќе престојуваат во манастирот во Рајчица каде верниот народ отсега ќе има можност да побара молитвено застапништво пред моштите на овој велик Христов јерарх.

Свети Василиј Велики, роден во 330 година во Неокесарија, во Понт, а починал во 379 година, во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица.

Најнови вести од Република

To top