Република локални избори 2025

Миран Митревски со поддршка за Димчо Атанасовски во вториот круг во Македонска Каменица

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонска Каменица, Миран Митревски во објава на својот Фејсбук профил ја изразува неговата поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, во вториот изборен круг.

Миран Митревски со поддршка за Димчо Атанасовски во вториот круг во Македонска Каменица

Независниот кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица, Миран Митревски во објава на својот Фејсбук профил ја изразува неговата поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, во вториот изборен круг.

Митревски наведува дека поддршката ја дава врз основа на позитивното искуство и успешната соработка со Атанасовски во периодот кога тој ја извршувал функцијата градоначалник.

-Со него, за првпат во нашата општина, реализиравме значајни иницијативи кои оставија траен белег, истакнува Митревски, наведувајќи неколку примери: потпишување на Колективен договор со кој се подобрени условите на работа и правата на вработените, збратимување на Општина Македонска Каменица со Измир (Турција) и Рикалдоне (Италија), како и отворање на Центар за донација за лица со атипичен развој и социјално ранливи категории.

Тој потсетува и на поддршката што локалната самоуправа ја обезбедила при добивањето лиценца за негователи на стари лица, со што, како што нагласува, се унапредил развојот на социјалните услуги во општината.

-Врз основа на личното искуство и реализираните резултати, сметам дека Димчо Атанасовски е човек со визија, искрен пристап и волја за работа во интерес на граѓаните на Македонска Каменица, наведува Митревски, додавајќи дека со целосна доверба ја дава својата поддршка за негов избор за градоначалник.

To top