Република Општина Пробиштип

Манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип ќе се одржи на 21 март

Манифестацијата е стара 15 години, но поради ковид пандемијата и трагедијата во Кочани, тој вели три години истата не се одржувала.

Манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип ќе се одржи на 21 март

Во Општина Пробиштип по 12 пат ќе се одржи манифестацијата „Зелникот на баба“. Раде Илиевски вработен во општина Пробиштип вели дека и годинава се очекува богата културно-уметничка програма, а гости ќе има од целата држава, Србија и од Бугарија. Mанифестацијата е предвидена за 21 март, сабота, а како што вели Илиевски собраните средства од продажбата на зелниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

-И годинава има заинтересирани за учество од цела Македонија, а имаме заинтересирани и од Србијаи од Бугарија. Манифестацијата ќе опфати понуда од голем број на специјалитети од тесто со претежно зелници и други изработки од теста. Интересно е што манифстацијата опфаќа натпревар во брзо сукање, особено буди интерес кај присутните овој натпревар и бираме најдобро украсена етно маса, а битно е што целата продажба на сите понудени производи ќе биде наменета за хуманитарни цели-рече Илиевски.

Манифестацијата е стара 15 години, но поради ковид пандемијата и трагедијата во Кочани, тој вели три години истата не се одржувала. Дополнително посочи дека победниците ќе добијат специјален трофеј наменски направен за зелникот на баба.

– Вообичаено, како и сите претходни години и оваа година ќе има познати уметници од Македонија кој ќе ја веселат публиката-вели Илиевски. (МИА)

To top