Република Критична ситуација во регионот на Македонска Каменица

Пожарот кај село Косевица сè уште активен – критични локации во близина на населени места, упатен апел за помош

Пожарот кај село Косевица се шири неконтролирано – критични се Горанци, Караџевци и Моштица; упатен апел за масовна помош од граѓаните.

Пожарот кај село Косевица сè уште активен – критични локации во близина на населени места, упатен апел за помош

Пожарот што беснее во околината на село Косевица, Македонска Каменица, и натаму е надвор од контрола и сериозно се заканува на повеќе населени места – Горанци, Караџевци и локалното училиште. Ситуацијата на терен останува непроменета, а пожарот продолжува да се шири во правец кон село Моштица и кон планинските делови сè до границата со Бугарија.

Во акцијата за гасење се вклучени Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, вработени од Рудник Саса и ЈП Камена Река со крупна механизација, доброволци од локалното противпожарно друштво, како и жители од зафатените населени места.

ВИДЕО ИЗЈАВА 🔴 СИТУАЦИЈАТА Е НЕПРОМЕНЕТА, ПОЖАРОТ Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА. СЕ ШИРИ КОН МОШТИЦА. ПОТРЕБНА Е ПОМАСОВНА МОБИЛИЗАЦИЈА НА ТЕРЕН

🎥 ВИДЕО 🔴 Ситуацијата на терен останува непроменета, критични се повеќе локации во близина на повеќе населени места во село Косевица (Горанци, Караџевци и локално училиште) каде што пожарот е се уште активен и истиот е надвор од контрола‼️

🚒 “Пожарот неконтролирано се шири кон село Моштица и кон планинските делови до границата со Бугарија. Во акцијата за гасење на пожарот, кој за жал се уште не е ставен под контрола, учествуваат ТППЕ Македонска Каменица, вработени во Рудник Саса, вработени во ЈП Камена Река со вклучена крупна механизација, доброволното противпижано друштво од градот и локално население”, – стои во изјавата на Драган Балас, Раководител на регионалниот центар на Дирекцијата за заштита и спасување – Делчево 🇲🇰

‼️Драган Балас упати уште еден апел до граѓаните на Македонска Каменица и регионот за помасовно вклучување во гасењето на пожарот, бидејќи во овој момент човечкиот фактор е важен фактор во справувањето со огнената стихија, која продолжува да им се заканува на домовите од погоре наведените населени места.

Posted by kamenica.mk on Monday, July 28, 2025

„Пожарот, за жал, се уште не е ставен под контрола. Се шири брзо и претставува сериозна закана за домовите и инфраструктурата во регионот“, изјави Драган Балас, раководител на Регионалниот центар на Дирекцијата за заштита и спасување – Делчево.

🎥 🔴 НАЈНОВО ВИДЕО ОД ГАСЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ ВО СЕЛО КОСЕВИЦА ‼️

🎥 🔴 НАЈНОВО ВИДЕО ОД ГАСЕЊЕТО НА ПОЖАРОТ ВО СЕЛО КОСЕВИЦА КОЕ ПРОДОЛЖУВА И ВО ТЕКОТ НА НОЌТА ‼️

🚒 Според најнови неофицијални информации добиени од терен, покрај борбата против огнената стихија кај маало Горанци, во моментов најкритична е ситуацијата со гасењето на пожарот кој се шири кон локалното училиште во село Косевица.

‼️Повторуваме. Пожарот не е ставен под контрола и истиот се шири и на територијата на село Моштица, како и на високите планински делови кон границата со соседна Бугарија.

Posted by kamenica.mk on Sunday, July 27, 2025

Балас упати итен апел до граѓаните на Македонска Каменица и поширокиот регион за масовно вклучување во напорите за гасење на пожарот. „Во овој момент, човечкиот фактор е клучен. Потребна ни е секоја рака“, додаде тој.

Надлежните институции и понатаму ја следат состојбата и ги координираат сите расположливи ресурси за справување со огнената стихија.

🔴 НОВО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ТЕРЕН: ПОЖАРОТ ВО СЕЛО КОСЕВИЦА Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА – ОГНОТ СЕ ШИРИ КОН СЕЛО МОШТИЦА И ГРАНИЦАТА…

Posted by kamenica.mk on Sunday, July 27, 2025

To top