По вчерашните и синоќешните врнежи од снег, нашите екипи успешно ги вршат активностите за расчистување на снежните наноси. Сите локални патишта, вклучително и оние што водат до најоддалечените и највисоките населени места во нашата општина, се проодни и расчистени, информира градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
– Екипите, од раните утрински часови се на терен во Караџевско маало во село Косевица, Капетанско маало во село Саса и повеќе од повисоките населени места во село Цера, каде со максимална ангажираност вложуваат напори за обезбедување на безбеден и непречен сообраќај. Со постојана присутност на екипите на терен, ќе овозможиме брзо и ефикасно расчистување на сите локални патишта во услови на интензивни врнежи и ниски температури во текот на целиот зимски период.
Атанасовски упати и апел до граѓаните.
– Ги замолуваме сите граѓани за внимателност при движењето, особено на одредени делови каде што е можно присуство на мраз. За секоја информација или потреба од дополнителна интервенција, ве молиме слободно обратете се во Општина Македонска Каменица или јавете се на 070 298 144 – нашата отворена телефонска контакт линија. Искрено ви се заблагодарувам за разбирањето, соработката и поддршка во овие услови. Наша заедничка цел и приоритет во работењето, останува безбедноста и непречената мобилност за сите жители на општината.