Република Општина Битола

Кугланата во Битола ќе биде лиценцирана за меѓународни натпревари

Денеска увид во работите направи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот, Бојан Бојкоски и директорот на
„Комуналец“, Горан Степановски во чија надлежност е одржувањето.

Кугланата во Битола ќе биде лиценцирана за меѓународни натпревари

Кугланата во Битола беше подлежна на реконструкција, односно поправки и замена на опремата која беше дотраена. Тоа чинеше 5 илјади евра и сега е пред лиценцирање со цел одржување на натпревари.

Поправката ја вршеше лиценцираниот одржувач на куглани Миле Вулетиќ од Апатин, Србија.

Општина Битола

Денеска увид во работите направи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот, Бојан Бојкоски и директорот на
„Комуналец“, Горан Степановски во чија надлежност е одржувањето.

Инаку Вулетиќ е лиценциран одржувач на куглани и досега има изведени повеќе од 12 сали, а подготвува куглани и за европски и светски купови.

Во јануари 2026 година повторно ќе биде лиценцирана салата од овластен претставник за одржување на натпревари, односно за добивање на лиценца за одигрување на меѓународни натпревари.

To top