Република локални избори 2025

Ковачки од Зрновци: Нашата општина и селата заслужуваат подобри комунални услуги, водоводи, канализации и подобри патишта

На митингот во општина Зрновци, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, истакна дека континуитетот започнат во 2021 година ќе продолжи со цел да се обезбеди подобар живот за граѓаните.

-Нашата општина и селата заслужуваат подобри комунални услуги, водоводи, канализации и подобри патишта. Овој собир е доказ дека нашата заедница е силна, обединета и решена да оди напред, порача Ковачки.

Тој нагласи дека локалната власт е првиот и најблискиот контакт на граѓаните со институциите, но дека за големи промени е потребна силна поддршка од Владата и од водство кое знае да отвора врати и да обезбедува средства.

-Тука сме за да ја потврдиме нашата заедничка цел – да ја менуваме нашата општина и Македонија на подобро, додаде Ковачки.

Успехот на локалната власт во општината ќе биде целосен само ако постои тим кој работи обединето, одговорно и посветено на обврските, рече Ковачки во своето обраќање.

Особено ја потенцира важноста на градоначалникот Борче Коцев и неговата советничка листа.

-Градоначалникот Коцев е првиот човек на општината, кој се грижеше и ќе продолжи да се грижи за вашите потреби, но за да биде успешен, потребна му е соработка и поддршка од советот, потенцираше Ковачки.

To top