Концесионерите на плажите на струшкото крајбрежје да го одржуваат јавниот простор, во спротивно секоја интервенција на екипите на јавното претпријатие „Комунално“ ќе биде фактурирана на одговорните, односно правните лица.
Тоа го посочи денеска директорот на претпријатието Ресул Чолаку, по интервенцијата на потегот од хотел „Евро“ кон реката Сатеска.
-Деновиве имаме акција за чистење на струшкото крајбрежје. Собрани се големи количини отпад, а акцијата продолжува и утре, изјави Чолаку.
На концесионерите на плажите им укажал дека откако екипите на „Комунално“ ќе го отстранат отпадот доколку не проодлжат да ги одржуваат ќе им бидат испратени фактури.
-Ги повикуваме сите управители на простор долж брегот на езерото да се грижат максимално за чистотата и одржувањето. Во спротивно, секоја интервенција извршена од екипите на ЈП „Комунално“ – Струга за чистење на тој простор ќе биде директно фактурирана на одговорните лица, во согласност со важечките прописи, нагласи Чолаку. (МИА)