Република

Контрола на СВР Тетово: Казнети 16 пијани возачи, двајца одбиле алкотест

-На сите им се изготвени соодветни поднесоци со парични глоби од 225 до 370 евра во денарска противредност и со заштитна мерка – времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 27 други видови сообраќајни прекршоци(ТЕ-16 и ГБ-11), информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Контрола на СВР Тетово: Казнети 16 пијани возачи, двајца одбиле алкотест

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (18/19 ноември) од 23 до 5 часот спровеле уште една од серијата акциски контроли на возачите – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол, во која биле откриени вкупно 16 прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-8). Кај најголемиот број од возачите прекршители (13) биле утврдени до еден и пол промили алкохол во организмот (ТЕ-6 и ГВ-7), односно крвта, кај 1(ГВ) до 2 промили алкохол, а двајца (ТЕ) одбиле да се алкотестираат.

-На сите им се изготвени соодветни поднесоци со парични глоби од 225 до 370 евра во денарска противредност и со заштитна мерка – времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, биле санкционирани и 27 други видови сообраќајни прекршоци(ТЕ-16 и ГБ-11), информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апели до возачите да не ги управуваат возилата под дејство на алкохол и да ја прилагодат брзината според условите на патот. Со тоа ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, без разлика каде биле и по кој повод прославувале. Ова, посебно се однесува на возачите-почетници на кои им се советува целосно да се придржуваат кон предвидените законски ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот.

To top