Во Општина Куманово денеска се одржа конститутивна седница на Советот за развој на североисточен плански регион, СИПР.
На седницата, како што информираат од Општината биле верифицирани мандатите на членовите на советодавното тело, усвоени предлог – одлуки за отпочнување на процесите за избор на претставник од бизнис заедницата, за распишување на јавен повик и разгледување и усвојување на финансиски и акциски план за работа на Центарот за развој на североисточен плански регион за 2026 година.
За претседател на Советот за развој на СИПР е избран градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, со мандатен период од една година, според Законот за регионален развој.
На првата конститутивна седница на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во СИПР, и беа верифицирани мандатите на членовите и беше избран претседавач на меѓуопштинскиот одбор на СИПР, беа усвоени предлог-одлука поврзана со животната средина, предлог – решение за номинирање на членови во Управниот одбор за следење на имплементацијата на проектот „Надзор на договорите за градежни работи за затворање на непрописни/диви депонии и ѓубришта во Источен и Североисточен регион“ прва фаза и предлог – деловник за работа на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во СИПР.