Република

Кавадарци одбележува 68 години од тектонската несреќа кај месноста Моклиште

Кавадарци одбележува 68 години од тектонската несреќа кај месноста Моклиште, кога загинаа 12 лица и 1.200 овци, голем број грла крупен добиток, потсетија денеска од кавадаречката Музеј галерија.

– Како последица на тектонското движење на земјата, во раните утрински часови на петти септември 1956 година, дошло до уривање на ридот „Градот“. Во оваа несреќа животот го изгубиле 11 вработени во земјоделските задруги од Ваташа, Дреново и Возарци и еден случаен минувач од село Долно Бошава, кој одел на пазар во Кавадарци. Во оваа трагедија биле затрупани и 1.200 овци и голем број грла крупен добиток. Огромно количество на земја и камен се спуштило кон реката Луда Мара, ја затворило долината на реката и создало природна брана, која денес се вика Моклишко Езеро, соопштија од Музеј галеријата.

Оттаму ги соопштија и имињата на сите оние кои загинале во оваа несреќа.

To top