Република камери низ Штип за спречување на вандализам

Јорданов: Камерите кои ќе бидат поставени на јавни површини и локалните институции ќе бидат за регистрирање на девијантно однесување, вандализам

Камерите ќе забележуваат девијантно однесување, оти станува збор за паметен систем, кога има одредена појава тој ја регистрира и дава информација, рече Јорданов.

Јорданов: Камерите кои ќе бидат поставени на јавни површини и локалните институции ќе бидат за регистрирање на девијантно однесување, вандализам

Камерите кои ќе бидат поставени на јавни површини, во дворовите на училиштата, градинките, парковите во Штип нема да се користат за системот „Безбеден град“ вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека овие камери, кои ќе се постават на 156 локации треба да го спречат вандализмот, односно девијантното однесување и уништувањето на парковите, урбаната опрема низ градот, а како што вели ќе служат и како доказен материјал на Министерството за внатрешни работи и за останатите институции.

-Ќе имаат функција на контролирање и видео надзор на јавна површина за заштита од девијантно однесување, уништување на урбана опрема и ќе служат како доказен материјал во одредена постапка на СВР Штип. Камерите ќе забележуваат девијантно однесување, оти станува збор за паметен систем, кога има одредена појава тој ја регистрира и дава информација, рече Јорданов.

Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова за МИА вели дека за реализација на овој проект имаат три тендерски постапки, од кои две веќе се завршени и тоа за интернет и за набавка на камерите, а деновиве ќе биде објавена и постапката за изведба на градежни работи.

Најнови вести од Република

To top