Во Ски-центарот „Михајлово“ на Кожув во тек е изградба на нова зимска атракција – „Кожувска Панорама“. Новата ски-патека ќе биде долга 1.200 метри и ќе се наоѓа на 1.400 метри надморска височина. Проектот вклучува и нов ски-лифт, како и дополнителни две ски-стази, кои ќе го збогатат понудата за љубителите на зимските спортови.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, изјави:
„Со оваа инвестиција го подигнуваме зимскиот туризам на сосема ново ниво. Кожув ќе стане задолжителна дестинација за скијање, рекреација и семејни активности. Го поздравуваме секој проект што носи развој и нова енергија за нашата планина и нашиот регион.“
Пуштањето во употреба на „Кожувска Панорама“ е предвидено за 1 јануари 2026 година, а локалните власти веруваат дека ова ќе привлече посетители од целата земја и регионот.
Проектот е дел од пошироката стратегија за развој на зимскиот туризам и промоција на Кожув како центар за планински спортови и рекреација.
,,Кожувска Панорама“ новата зимска атракција на Кожув! ❄️⛷️
Во Ски-центар „Михајлово“ се гради нова скијачка патека…
Posted by Митко Јанчев on Четврток, 6 ноември 2025