Република „Street life“

Изложба на фотографија на Виктор Трајковски во Куманово

Изложбата ќе биде отворена до 24 јули, годинава.

Изложба на фотографија на Виктор Трајковски во Куманово

Изложба на уметничка фотографија од авторот Виктор Трајковски ќе биде отворена вечер со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, информираа од Националната установа.

Изложбата е насловена „Street life“.

Трајковски повеќе од десет години е посветен на улична фотографија, истражувајќи го човечкото присуство, движењето и светлината во јавните простори.

Учествувал на групни изложби организирани од фото-кино клубот „Козјак“ во Куманово и освоил бројни награди на меѓународни и национални фотографски изложби.

Неговата главна инспирација е Алекс Веб, особено за неговата употреба на боја, композиција и слоевитост во уличната фотографија.

Виктор продолжува да создава со длабока страст за секојдневниот живот и уметноста скриена во него. Активен член на Фото клуб Куманово. Изложбата ќе биде отворена до 24 јули, годинава.

To top