Во општината Кавадарци интензивно се чисти снегот од патиштата во Пoткожувјето, информираа денеска од јавното претпријатие ,,Комуналец”, задолжени за одржување на патиштата во зимски услови.
– Снежната покривка во Поткожувјето е од пет до десет сантиметри. Екипи на јавното претпријатие „Комуналец” со два камиона од рано изутринава се на терен и го чистат снегот од патиштата. Сите патишта се речиси проодни и за кратко, сообраќајот ќе се одвива нормално, соопштија од комуналното претпријатие.
Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев велат дека зимската служба на ЈП „Комуналец” Кавадарци од рано утринава е на терен, работи на расчистување на патот кон Михајлово, по обилните врнежи од снег.