Република за зголемување на безбедноста

ФОТО: Се поставуваат смирувачи на сообраќајот пред 8 училишта во Битола

Во наредните денови, смирувачите и сигнализацијата ќе бидат соодветно поставени и пред основните училишта „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, „Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“, „Ѓорѓи Сугарев“ и кај средното општинско училиште „Таки Даскало“.

ФОТО: Се поставуваат смирувачи на сообраќајот пред 8 училишта во Битола

Пред основните училишта „д-р Трифун Пановски“ и „Св. Климент Охридски“ во Битола, денес започна поставувањето на сообраќајната сигнализација и смирувачите на сообраќај.

Во наредните денови, смирувачите и сигнализацијата ќе бидат соодветно поставени и пред основните училишта „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, „Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“, „Ѓорѓи Сугарев“ и кај средното општинско училиште „Таки Даскало“.

Општина Битола

Согласно изготвената документација и склучениот договор за набавка, транспорт и монтажа, Општина Битола ќе инвестира 3.734.877 денари за поставување на смирувачи на сообраќајот на осум локации, вклучувајќи: вештачка издаденост – издигнат пешачки премин, гумирана вештачка испакнатина, флексибилни ретрорефлектирачки гумени столбчиња, како и сообраќајни знаци за: издаденост на патот, обележан пешачки премин, зона школо, знаци за завршеток на зона школо, како и знаци за зона во која е ограничена брзината и завршеток на зоната во која е ограничена брзината.

Општина Битола

-Позитивните искуства на поставувањето на смирувачи на сообраќајот на четири локации од двете страни на улицата „Булевар 1 Мај“, односно кај Државното средно музичко училиште, гимназијата „Јосип Броз Тито“, економското училиште „Јане Сандански“ и кон основното училиште „Д-р Трифун Пановски“, покажаа дека оваа конкретна мерка донесе зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се за зголемување на сигурноста на пешаците, со акцент на зголемена безбедност на учениците како најмлади учесници во сообраќајот, информираат од Општината.

To top