Република

Еколошка акција во Градски парк Кавадарци

Оттаму нагласија дека со агендата на Музејот, освен традиционалните културно – историски активности, посветуваат внимание и на екологијата која, како што рекоа, е значаен фактор за здрав живот.

Еколошка акција во Градски парк Кавадарци

Еколошка традиционална акција беше реализирана денеска во Градскиот парк во Кавадарци, што важи за еден од најубавите во државата. Еко активностите се дел од програмата за работа на Вински музеј за регионот Тиквеш, а настанот беше во соработка со Земјоделско – шумарското училиште „Ѓорче Петров“.

– Во рамките на акцијата беа собрани најразлични отпадоци од паркот, а средношколци, но и повозрасни љубители на природата и здравата животна средина, засадија и дрвца, појаснија од Вински музеј за МИА.

Оттаму нагласија дека со агендата на Музејот, освен традиционалните културно – историски активности, посветуваат внимание и на екологијата која, како што рекоа, е значаен фактор за здрав живот.

To top