Екипите на „Чистота и Зеленило“ од утрово се на терен и ги расчистуваат улиците и локалните патишта од снег во Куманово, сооопштија денеска надлежните. Како што информираше директорот на комуналното претпријатие, Сашо Томиќ, улиците во централното градско подрачје се веќе исчистени и се чистат патиштата кон селата.
– Сите екипи сè на терен, се чистат според програмата усвоена од советот. Имаме на располагање механизација и доволно количини сол, изјави Томиќ.
За оваа намена, од општинскиот буџет издвоени се осум милиони денари.
-Имаме три специјални машини, камиони со плуг, две метлачки за чистење на плоштадите и трактор со приколка и преден плуг. Во моментов имаме обезбедено 25 тони сол, додаде Томиќ.
Согласно одлуката на Советот на Општина Куманово, претпријатието е задолжено за чистење на снегот од улиците, патиштата, тротоарите и јавните плоштади.