Екипи на ЈП „Комуналец“ од раните утрински часови се на терен со цел расчистување на снегот од пристапните патеки за пешаците, кој почна да паѓа рано утрово.
Директорот Горан Степановски вели дека во 5:00 часот екипите веќе биле на терен со цел оспособување за движење на локациите кои се во надлежност на ова комунално претпријатие, а тоа се тротоарите, пристапните патеки до јавните институции, градското шеталиште и мостовите.