Република тиквешки регион

Донација во постелнина за Болница Кавадарци

Oваа донација значително придонесува кон подобрување на условите за престој и грижа на пациентите и претставува вистински пример за човечност и општествена одговорност.

Донација во постелнина за Болница Кавадарци

Кавадаречката болница, во која се лекуваат пациенти од тиквешкиот регион, доби донација во постелнина за 30 болнички кревети.

– ЈЗУ Општа Болница Кавадарци изразува искрена благодарност до д-р Весна Чемерска Попова и Гоце Попов, сопственици на Wine Cellar Popovi – апартмани, за нивната хумана и несебична донација на постелнина за 30 болнички кревети, соопштија од Болницата.

Оттаму истакнаа дека оваа донација значително придонесува кон подобрување на условите за престој и грижа на пациентите и претставува вистински пример за човечност и општествена одговорност.

– Ви благодариме што со вашата несебична поддршка го подобрувате животот на нашите пациенти и ја поттикнувате хуманоста во нашата заедница, напишаа од Болницата во објава на Фејсбук.

To top