Република

Демант за споменувањето на Арсенкова

Демант за споменувањето на Арсенкова

По добиената забелешка и јасна закана за тужба од адвокатот Умејр Мухамеди од Скопје за текстот „Пленумка и шарена револуционерка од „Кој е следен“ повторно злоупотребува трагедија за да организира протест?!“ во кој се споменува името на Марија Арсенкова (која тој ја застапува), Курир.мк го пренесува демантот за изнесените наводи за поранешниот член на Пленумот и Шарената револуција, (што не е спорно, како и нејзиното учество во иницијативата на „Кој е следен“, што е документирано во јавноста и на социјалните мрежи со фотографии).

Спорното, според адвокатот, е во реченицата „особено кога нешто треба да се злоупотреби“, која меѓу другото продолжува со следната „Претпоставката на јавноста е дека тоа се прави за политички поени.“, што значи дека не тврдиме, туку јавноста и ние претпоставуваме дека е со цел злоупотреба. Без контекст и следната реченица, се добива сосема друго значење и не е тврдење, кое, да – е спротивно на законот и казниво.

Другата забелешка е во „шанса за искористување на нечија несреќна судбина“ (кое што за “Кој е следен“ се докажа преку лиферуваното видео со членовите на Левица и српската инструкторка), кое повеќе и примарно се однесува на „Кој е следен“, не на споменатата личност. Исказот е соддржан и во насловот со интерпункциски знак кој е јасно означен со јасната дилема која ја отвора „?!“, знак кој со своето значење остава простор за различни толкувања и не е тврдење.

Независно од овие аргументи, Курир.мк како  општествено совесен и одговорен медиум и’ се извинува на Марија Арсенкова доколку текстот е разбран во насока на лична навреда или клевета.

 

 

Најнови вести од Република

To top