Република од 9:00 до 16 часот

Централното градско подрачје на Дебар утре 7 часа без струја

Денеска целиот град без вода е од 9 до 15 часот поради интервенција врз главниот вентил во градскиот резервоар а во исто време и негово генерално чистење.

Централното градско подрачје на Дебар утре 7 часа без струја

Централното градско подрачје на Дебар утре седум часа ќе биде без напојување со електрична енергија.

-Утре, 16 април во периодот од 9:00 до 16 часот, ќе има планиран прекин на снабдувањето со електрична енергија во дел од Централното градско подрачје на Дебар, информираше Регионалниот Центар за управување со кризи- Дебар.

Според објавата, струја нема да има Чаршијата (од после градскиот амам), како и улиците “ЈНА”, “Лиман Каба” и “1-ви Мај”.

– Прекинот е поради планирани технички зафати на електро-мрежата. Ги замолуваме граѓаните за разбирање и препорачуваме навремено прилагодување на дневните активности, се наведува во објавата.

Денеска целиот град без вода е од 9 до 15 часот поради интервенција врз главниот вентил во градскиот резервоар а во исто време и негово генерално чистење.

To top