Република брза и навремена реакција

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник

Од ДПД-Пехчево упатуваат апел за одговорно однесување и навремено пријавување на секоја појава на пожар, со цел да се спречат поголеми последици и да се зачува безбедноста на граѓаните и природата.

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска успешно интервенираше на пожар кој избувна во непосредна близина на селото Црник. Пожарот зафати сува трева и ниска вегетација, што поради сувото време и зголемените температури претставуваше сериозна опасност од негово неконтролирано ширење.

-Со брза и навремена реакција, наши екипи излегоа на терен и за кратко време го локализираа и ставија пожарот под целосна контрола. Благодарение на професионалниот пристап и добрата координација, спречено беше огнот да се прошири кон блискиот блок со овошни насади, каде што се наоѓаат насади со сливи, со што е избегната значителна материјална штета, информираа од ДПД Пехчево.

Алармираа дека ваквите пожари најчесто се резултат на човечка негрижа и апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при престој и работа на отворен простор, нагласувајки дека палењето стрништа, отпад или сува вегетација претставува сериозен ризик, особено во летниот период.

Од ДПД-Пехчево упатуваат апел за одговорно однесување и навремено пријавување на секоја појава на пожар, со цел да се спречат поголеми последици и да се зачува безбедноста на граѓаните и природата.

Интервенцијата уште еднаш ја истакна важната улога на доброволните пожарникари во системот за заштита и спасување, како и нивната подготвеност да реагираат навремено со цел заштита на имотот, земјоделските површини и животната средина на подрачјето на Пехчево и околните населени места. (МИА)

Најнови вести од Република

To top