Република Општина Охрид

Бесплатно психолошко советувалиште за граѓаните на Охрид

Заинтересираните лица, можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615.

Бесплатно психолошко советувалиште за граѓаните на Охрид

Општинската организација на Црвениот крст од Охрид во рамки на своите здравствено-превентивни активности почнува со бесплатно психолошко советување за граѓаните.

Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвениот крст – Охрид, секој петок во периодот од 9 до 12 часот, со претходно закажување.

Заинтересираните лица, можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615.

Советувањето ќе го реализира Гешталт советничката Мерсиха Исмајлоска. Инаку, Гешталт терапијата е научно заснован психотерапевтски метод со корени во хуманистичката филозофија. Основната цел на гешталт терапијата е поттикнување личен раст, зрелост и автономност преку зголемена свесност за сопствените мисли, чувства и однесување во сегашниот момент…

Бесплатното психолошко советување охридскиот Црвен крст го реализира во Центарот за личен развој, едукација и психотерапија „Анима“. (МИА)

To top