Република

Бесплатни медицински прегледи на велешките пензионери

Бесплатни медицински прегледи на велешките пензионери

Во просториите на Здружението на пензионери во Велес денеска се реализараа бесплатни лекарски прегледи за лица од трето доба. Прегледите опфатија мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.

Можноста да се прегледаат и да добијат совет од лекар ја искористија 40-тина пензионери, информираат од Општинската организација на Црвен крст Велес.

Тие појаснуваат дека во реализацијата на денешната активноста вклучени биле тројца нивни волонтери.

Воедно најавија дека со бесплатни медицински прегледи ќе продолжат и во наредниот период.

To top