Република Грција е трета на ниво на ЕУ веднаш зад Бугарија и Романија

Атина со ВИ-камери ги казнува сообраќајните прекршоци

Грција во 2024 година имаше 665 загинати во сообраќајни несреќи, а во 2025 бројката падна на 522. Според таа „црна“ статистика, Грција е трета на ниво на ЕУ веднаш зад Бугарија и Романија. Властите очекуваат дека ВИ‑камерите ќе донесат поголема дисциплина на улиците, и ќе спасат животи, пишува Тагесцајтунг.

Атина со ВИ-камери ги казнува сообраќајните прекршоци

Атина официјално ги активира „паметните“ ВИ‑камери што автоматски регистрираат сообраќајни прекршоци и ги испраќаат казните дигитално, пишува германскиот весник Тагесцајтунг. Осум високо‑ризични точки во градот веќе се опфатени, а системот е под надлежност на Министерството за дигитална политика. Системот кој е воведен во грчкиот главен град е сличен на системот „Безбеден град“ кој од викендот започна да ги лови сообраќајните прекршоци во Скопје.

Камерите со напредни алгоритми препознаваат минување на црвено светло, брзо возење, користење телефон, возење без појас и неносење шлем. Прекршоците во реално време се прикажуваат на надзорен панел, а казните пристигнуваат преку gov.gr и SMS. Казнените поени автоматски се внесуваат во електронскиот регистар SESO, а возачките дозволи може да бидат дигитално одземени.

Во пилот-периодот бројките беа високи: само една камера во Атика за четири дена забележала над 1.000 прекршоци поврзани со мобилен телефон и појас, како и околу 800 случаи на пречекорување брзина. Тогаш казни не се изрекуваа, но сега официјалната постапка е активна и решенијата веќе се испраќаат.

Дел од граѓаните револтирани

Реакциите на Атињани се поделени. Дел сметаат дека системот може да биде неправичен. „Кој не знае да вози – не знае да вози. Луѓето треба подобро да се обучат“, вели Василис Василопулос, еден од возачите кои со недоверба гледаат на новата технологија.

Слично размислува и Михаилис Дукас, кој стравува дека ВИ ќе прави грешки:

„Што ако ме казнат затоа што сум го допрел екранот во автомобилот, а камерата тоа го протолкува како телефонски разговор?“

Но други пак го поддржуваат проектот. Таксистот Танос Маврис гледа реална промена во однесувањето на сообраќајниците:

„Стравот од казни многу влијае. Порано само половина возачи ставаа појас, а сега речиси сите. И моторџиите конечно носат шлем.“

До јуни во поширокиот регион на Атина ќе бидат поставени уште 388 камери што ќе регистрираат минување на црвено светло, финансирани од ЕУ. Национално, се планираат околу 2.500 нови камери: 2.000 стационарни на критични точки и 500 во јавниот превоз за следење злоупотреба на автобуски ленти.

Грција во 2024 година имаше 665 загинати во сообраќајни несреќи, а во 2025 бројката падна на 522. Според таа „црна“ статистика, Грција е трета на ниво на ЕУ веднаш зад Бугарија и Романија. Властите очекуваат дека ВИ‑камерите ќе донесат поголема дисциплина на улиците, и ќе спасат животи, пишува Тагесцајтунг.

Најнови вести од Република

To top