Во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ денеска на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе се одржи „Антикорупциски караван“.
Целта на настанот е преку директна комуникација, тимот на програмата и претставниците на државните институции и граѓанските организации одблиску да ги информираат граѓаните за значењето на борбата против корупцијата, да дискутираат за предизвиците, како и да ги презентираат можностите за пријавување на случаи на корупција.
Настанот се организира во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН). Програмата е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Македонија.