Република

Агелер за Владата: Наследија многу предизвици, но постигна значителен напредок

Агелер за Владата: Наследија многу предизвици, но постигна значителен напредок

Амбасадорката на САД Анџела Агелер во интервју за „Слободен печат“ вели дека владата постигнала значителен напредок и покрај тоа што наследила многу предизвици од претходната.

„Тие наследија многу, многу предизвици. Дури мислам дека и претходната влада би се согласила дека проблемите се огромни и има уште многу да се направи. Шест месеци не е многу време за нова влада, искрено кажано. Но, ќе забележам дека врз основа на моите директни разговори со овој премиер и со многу негови министри, за некои од прашањата што ги споменавте, енергијата, енергетската диверзификација, трговијата, инфраструктурата, транспортот, регионалните врски, тие постигнаа напредок. Тие постигнаа значителен напредок“, потенцира Агелер.

На прашањето за оштетениот систем дека тој не бил оштетен за време на последната влада, Агелер рече: „Мислам дека беше“.

Таа го спомена како добар пример проектот „Бехтел и Енка“.

„Јас сум многу задоволна што гледам дека Владата презема солидни акции за овие прашања. Дали можат да направат повеќе за некои од другите ветувања? Апсолутно. Ние веќе зборувавме за владеење на правото. Има многу работа да се заврши. Знам дека премиерот го препознава тоа, како и многу други негови министри, но има многу да се направи. И знам дека гласачите многу внимателно гледаат што прават“ нагласи Агелер.

Најнови вести од Република

To top