Во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Родос, рано утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 4,6 степени, според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјотресот бил почувствуван на островот, а засега нема пријави за повредени или причинета материјална штета.