Регион зеленски во посета на тирана

Зеленски: Рама е бескомпромисен пријател на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој синоќа допатува во Тирана, преку порака на Платформата „Х“ албанскиот премиер Еди Рама го нарече „бескомпромисен пријател на Украина“.

Зеленски: Рама е бескомпромисен пријател на Украина

Во објавата пред средбата со Рама тој наведува дека ќе разговараат за одбранбената и политичката соработка, поддршката на Формулата за мир и безбедносните договори и додава дека „Албанија е една од земјите што ја потпишаа Декларацијата на Г7 од Вилнус, што ние многу го цениме“.

„Денеска работам во Тирана. Ќе се сретнам со цврстиот пријател на Украина, албанскиот премиер Еди Рама, и ќе учествувам на самитот Украина-Југоисточна Европа. На самитот Украина-Југоисточна Европа, кој сега се одржува по вторпат, ќе разговараме за нашиот заеднички пат кон евроатлантската цел. Ќе предложам поддршка на напорите на Украина за постигнување праведен и траен мир, како и организирање на Глобалниот самит за мир во Швајцарија. Ќе имам билатерални разговори и со учесниците на самитот“, пишува Зеленски.

Посочува дека Албанија е една од земјите што ја потпишаа Декларацијата на Г7 од Вилнус, што неговата земја високо ја цени.

Претпладнево средба оствариле албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани и неговиот украински колега Дмитро Кулеба.

Хасани ја изнел поддршката за суеренитетот на Украина, додавајќи дека „Украина е приоритет во работата на Албанија на сите меѓународни форуми“. Најавил отворање во Киев на албанска амбасада во текот на годинава.

Кулеба се заблагодарил за досегашната поддршка оценувајќи ја Албанија како многу важен партнер.

To top