Регион нема простор за загриженост

За десет дена 275 земјотреси на Кефалонија

– Станува збор за интензивна сеизмичка активност, која не се карактеризира со голем земјотрес, но имаме генеза од стотици мали земјотреси, истакна Ганас, објаснувајќи дека земјотресите се во подводно подрачје.

За десет дена 275 земјотреси на Кефалонија

Од 24 февруари до денеска, на грчкиот остров Кефалонија биле регистрирани 275 земјотреси, но нема простор за загриженост, изјави сеизмологот и директор на секторот за истражувања во Геодинамичкиот институт во Националната опсерваторија на Грција Атанасиос Ганас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ганас во интервју за грчката телевизија ЕРТ, посочи дека земјотресите продолжуваат и не е нешто што е вообичаено за конкретниот регион.

– Станува збор за интензивна сеизмичка активност, која не се карактеризира со голем земјотрес, но имаме генеза од стотици мали земјотреси, истакна Ганас, објаснувајќи дека земјотресите се во подводно подрачје.

Тој посочи дека иако во близина постои познат и голем расед, но не постои опасност да се активира.

To top