Регион

Вучиќ го осуди нападот врз хрватските граѓани во Панчево

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска претходно испрати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево.

Вучиќ го осуди нападот врз хрватските граѓани во Панчево

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го осуди физичкиот напад врз четворица хрватски државјани во Панчево минатиот викенд и додаде дека надлежните органи ќе направат сè за да ги гонат одговорните за тој инцидент.

„Тоа е недозволиво, никаде не смее да се случи такво нешто, ниту кај нас, ниту во регионот“, рече претседателот на Србија на отворањето на Бизнис саемот во Мостар.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска претходно испрати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево.

To top