Регион Локални избори

Во Србија на полноќ почнува предизборниот молк

Во недела, на 2 јуни, ќе се одржат локални избори во 90 градови и општини во Србија, меѓу кои Белград, Нови Сад и Ниш.

Во Србија на полноќ почнува предизборниот молк

Предизборниот молк пред локалните избори во Србија почнува на полноќ и ќе трае до затворање на гласачките места на 2 јуни во 20 часот, јави Бета.

Во тој период, на медиумите и јавните собири им е забрането да презентираат кандидати и партиски програми, да ги повикуваат гласачите да гласаат и да објавуваат оценки за изборните резултати.

Во недела, на 2 јуни, ќе се одржат локални избори во 90 градови и општини во Србија, меѓу кои Белград, Нови Сад и Ниш.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, на крајот на април распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, во истиот ден кога ќе се одржат изборите за советници на градското собрание на Белград, како и за градските општини.

Избори за градски советници се одржуваат во Ваљево, Вршац, Зрењанин, Јагодина, Кикинда, Ниш, Нови Сад, Панчево, Пожаревац, Сомбор, Сремска Митровица, Суботица, Ужице и Чачак.

Ќе се гласа и за 52 општински собранија.

Истиот ден ќе бидат избрани советници во 17 белградски општини.

Во Ниш ќе се одржат избори за советници на пет општини во тој град.

Најнови вести од Регион

To top