Регион

Во Словенија регистрирани првите три случаи на инфекција со вирусот Западен Нил

Во Словенија регистрирани првите три случаи на инфекција со вирусот Западен Нил

Првите три случаи на инфекција со вирусот Западен Нил годинава се потврдени во Словенија, соопшти Националниот институт за јавно здравје, а сите три случаи на инфекција се потврдени во североисточниот дел на Словенија, во Помурје и Подравље.

Вирусот е откриен во 1937 година во северозападна Уганда. Во минатото со него имаше зарази и во Словенија. Така, во 2013 и 2017 година е евидентиран по еден случај, а во 2018 година пет од нив, jaви СТА.

Годинава, веќе на почетокот на сезоната, заразени се регистрирани во некои земји од ЕУ, меѓу кои и Хрватска. Заразени има и во Италија, Австрија, Унгарија, Шпанија, Франција, Бугарија, Германија и Романија, како и во Србија, Албанија и Косово

Вирусот на Западен Нил се пренесува преку комарци.

To top