Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала информираше дека од 11 до 13 јуни во Албанија ќе се одржи регионална европска конференција на Интерпол.
Тoj додаде дека ова е одлична оценка за државата, нагласувајќи дека ваквите дела покажуваат дека албанската полиција постигнала голем успех во својата работа.
-Албанија е избрана за домаќин на европската регионална конференција на меѓународната организација на криминална полиција, Интерпол, што ќе се одржи во Тирана од 11 до 13 јуни. Тоа е оценка за Албанија во целина, но и за добрите резултати што ги постигна државната полиција, која ја зајакна борбата против организираниот криминал, против неказнивоста, бидејќи тоа е директно поврзано со нова етапа меѓу Албанија и Интерпол, рече Бала.
Меѓу другото посочи дека на конференцијата ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи и директорите на државните полиции на европските земји.