Четврто лето по ред, ковид-19 не попушта ниту пред тропските температури што го зафатија светот годинава, а како што дознава „Блиц“ освен во Грција, каде што летуваат повеќето Македонци и Срби, бројот на заразени луѓето се зголемува и во Србија.
Во Грција, покрај заболубања, има и смртни случаи, а Националната здравствена организација (ЕОДИ) пријави 26 смртни случаи за неделата од 8 до 14 јули и повеќе хоспитализации, главно на постари лица и оние со хронични болести.
Не е познато дали оваа варијанта е регистрирана и во Србија, но има зголемување на бројот на заболени, за среќа, повеќето од нив имаат блага клиничка слика.
Според податоците од целиот свет, луѓето во моментов заболуваат од ФЛиРТ. Станува збор за две подваријанти на коронавирусот, инаку далечен роднина на сојот омикрон, а според Светската здравствена организација (СЗО), ФЛиРТ стана најдоминантната форма на вирусот во светот.
Порастот на бројот на заразени со новата подваријанта на коронавирусот е забележано во Соединетите Американски Држави, но и во Велика Британија, а расте и во другите европски земји, особено во Холандија.
Новата варијанта на коронавирусот, позната како ФЛиРТ, предизвика бран на инфекции во Холандија и покрај летните горештини. Професорката по вирусологија на Медицинскиот центар на Универзитетот „Еразмус“ во Ротердам, Марион Копманс, забележала дека најточниот показател за степенот на ширење на вирусот е неговата количина во отпадните води, пишува „Еуроњус“.
– Така, бројот на честички на вирусот во отпадните води е 14 пати поголем отколку во истиот период во 2023 година, па дури и во 2021 година, кога беше широко распространет уште еден сој на коронавирусот – делта – додала таа, пренесува „НЛ тајмс“.
Како што навела професорката, сегашниот бран на болести е неспоредлив со претходниот, истакнувајќи дека нема причина за паника.
– Коронавирусот сега предизвикува сериозни последици многу поретко отколку порано. На пример, бројот на хоспитализирани речиси и да не се зголемува во моментов, и покрај зголемениот број случаи на инфекција – вели Копманс.
Меѓу главните симптоми се:
– зголемена телесна температура
– кашлица
– болка во зглобовите и мускулите
– затнат нос
– главоболка
– малаксаност
Резултатите од студијата ИнфектиеРадар (InfectieRadar), што ја спровел Националниот институт за здравје на Холандија (RIVM) од 8 до 14 јули меѓу 10.300 Холанѓани, открија коронавирус кај 1,3 отсто од учесниците.
Националниот институт за здравје на Холандија (РИВМ) неодамна објави дека инциденцата на респираторни инфекции, вклучително и коронавирусот, се зголемува во Холандија во последните недели.
Според официјалните податоци, просечниот број на патогени честички во отпадните води се искачил на 941 на 100.000 луѓе, во споредба со 786 една недела порано.