Регион пожари

Во Бугарија за еден ден се регистрирани 279 пожари

Според известувањето на Главната дирекција за безбедност од пожар и заштита на населението во Бугарија, во изминатите 24 часа успешно се изгаснати сите 279 пожари на територијата на земјата.

За среќа, немало човечки жртви, но штетата на имотот е значајна. Десетици станбени и помошни објекти биле зафатени, а некои возила се уништени во огнената стихија. Како превентивна мерка, во некои региони било потребно да се евакуира населението.

Поради ситуацијата, активиран е националниот систем за предупредување „БГ-АЛЕРТ“ на повеќе локации низ Бугарија.

Премиерот Росен Жељазков апелираше до локалните и регионалните власти да преземат неопходни мерки за спречување на идни пожари, нагласувајќи колку е важно да се заштити населението и имотот.

To top