Регион

Во Албанија годинава 1077 пожари, опожарени над 43,4 илјади хектари

Во Албанија годинава 1077 пожари, опожарени над 43,4 илјади хектари

Првиот човек на албанскиот Центар за управување со кризи, Хаки Чако, состојбата со пожарите во изминатите осум месеци од годинава ја оцени како многу сериозна, поткрепувајќи го тоа со фактот дека во просек по пет пожари биле регистрирани дневно на територијата на земјата.

-Состојбата со пожарите во 2024 година претставува многу сериозна, загрижувачка, посебно масовните пожари. За осум месеци регистрирани се 1077 пожари, со опожарена површина од над 43.466 хектари.

Посебно сакам да го нагласам фактот што дури 98% од случаите се предизвикани од човечка рака, изјави Чако.

За тоа, нагласи тој, потребно беше „ангажирање на 27.880 оперативни сили и 2.635 возила, вклучувајќи ја и употребата на хеликоптери на вооружените сили“.

-Во текот на оваа година четирипати е активирана европската механизација за цивилна заштита во гаснењето на пожарите во Дропул, Валона, Лежа, односно со придонес на нашите партнери од грчката, италијанската и романската влада, додаде Чако.

Меѓу пожарите со големи размери се оној во Националниот парк „Преспа“, пожарот над пристанишниот град Шенѓин, како и оние во близина на Ѓирокастро и Елбасан.

To top